БИЗНИСМЕН НУДИ 10.000 ЕВРА: Бара само една информација
Објавено во: Балкан 04 Април, 2018
Сопственик на камиони кои изгореа вчера наутро во хрватскиот град Сплит по подметнат пожар, на Фејсбук понуди награда од 10.000 евра, на оној кој ќе му помогне да го пронајде виновникот.
Во својата објава на Фејсбук, Иван Баталиќ ги повика колегите, пријателите, познаниците да ја споделат неговата потрага за информација околу тоа кој го подметнал пожарот, а го оставил и својот телефонски број.
„Ве молам споделете го ова! Нудам награда од 10.000 евра во кеш за информација околу намерното палење на моите тешко стекнати камиони“- напиша Баталиќ во статусот.
Штетата е поголема од 60.000 евра.