01 Мај, 2024
0.0290

БЛОКИРАНИ ПРЕМИНИ И ТЕНЗИИ: Вучиќ прашува дали Бриселскиот договор се уште важи?

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Сè уште се блокирани граничните премини меѓу Косово и Србија, а српскиот претседател Александар Вучиќ бара повлекување на Приштина. 

Србија бара повлекување на косовската полиција од северот на Косово, изјави Вучиќ по седницата на Советот за национална безбедност. 

„Ситуацијата да се врати на претходните страни, а потоа да отидеме во Брисел да разговараме за се и ако е можно да се договориме“, рече Вучиќ. 

За официјална Приштина, оваа одлука е потег на реципроцитет, бидејќи српските власти ја користат истата пракса при влегување на косовски автомобили во Србија. За српскиот претседател, одлуката на косовското собрание е директно кршење на одредбите од Бриселскиот договор. 

Во согласност со Бриселскиот договор за слобода помеѓу Србија и Косово, српските регистарски таблички со ознаки на градовите во Косово беа укинати и истите треба да се пререгистрираат со ознака КС или РКС. Но, во неколку општини на северот на Косово каде живее мнозинско српско население се уште граѓаните возат автомобили со таблички издадени од Република Србија.

Амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство во Косово се сретнаа денеска со прмиерот Албин Курти, во врска со напнатата ситуација на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Вчера ЕУ повика на смирување на тензиите. 

Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот