03 Мај, 2024
0.0314

Бочварски: Заболените се со среднотешка клиничка слика, Штип за сега нема да биде под карантински мерки

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемиот број заразени со корона вирусот се и од Штип, а повторната трансмисија на вирусот започна од конфекциските фабрики. Сепак, градоначалникот на Штип Благоја Бочварски за Фактор изјави дека во овој момент нема да бидат преземени драстични мерки, однсно, градот нема да биде ставен под карантин, но, до понеделник ќе останат затворени пет конфекции.

-До доцна синоќа имавме состанок на Кризниот штаб на Штип, заедно со здравствените власти. Одлучивме градот да не го ставаме под карантин, но во наредните денови нема да работат петте споменати конфекции. Сите вработени се тестираат, ги очекуваме резултатите, а состојбата постојано ја следиме. Можам да кажам дека последните новозаразени случаи се со среднотешка клиничка слика. Бевме подготвени да прогласиме крај на епидемијата, но за жал, однесувањето на граѓаните доведува до вакви резултати. Апелирам на дисциплина и одговорност, ова што ни се случува сега го урива сето тоа што го постигнавем во изминатиот период, вели Бочварски за Фактор.

Во однос на состојбата во Штип, преглед даде и министерот за здравство Венко Филипче, кој на вчерашната прес-конференција истакна дека новодијагностицираните пациенти се околу оние пациенти претходно дијагностицирани, вработени во неколкуте конфекции.

-Екипа од Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска, престојува во Штип, со цел да направи увид во работата на Центарот за јавно здравје. На локалниот кризен штаб, кој го води градоначалникот беше донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за којшто период близу 600 вработени ќе бидат истестирани, а тие во меѓувреме нема да претставуваат ризик за другите луѓе со кои работат, изјави министерот Филипче.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник