03 Мај, 2024
0.0256

Богати со мнерали и витамини: Користете смокви за здрав стомак

Објавено во: Стил 18 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Проблемите со цревата и болен стомак не се од вчера, но во последниве години се храниме ужасно нерационално и тоа дава лошо влијание врз здравјето на нашиот стомак.

Освен за болен стомак; стомак, во кој чувствувате тежина други слични болести или моментални болки кои се појавуваат од време на време, користете смокви.

Земете 100 гр. Смокви - свежи или сушени, според сезоната.

Исечете ги на половинки и ставeте ги во мало тендџере.

Прелијте 2 чаши врела вода (600 милилитри).

Оставете ги на тивок оган уште 15 минути.

Тргнете од огнот и поклопете го садот, за да можат смоквите да се запарат уште 1 час.

Се цеди и се пие по 100 мл од напивката пред секој оброк.

Ако нерасположението ви е се посилно, пијте по 100 мл секој час.

Не фрлајте ги варените смокви. Јадете ги.

Ако имате хроничен проблем со вашиот стомак, пијте од оваа лековита напивка барем во текот на 3 дена.

Јадењето сушени смокви е исклучително корисно не само за желудникот и цревата, но и за зајакнување на имунолошкиот систем на организмот.

Тие се богати со бројни минерали и витамини.

Комбинацијата на сушени смокви, сливи и суви кајсии е вистинска бомба од корисни витамини.