БОГДАНОВИЌ КОНТРА ЗАЕВ: Југославија нѐ направила да бидеме блиски
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2020
Првиот човек на Општина Центар, Саша Богдановиќ има различно мислење за Југославија во однос на она на премиерот Зоран Заев.
Тој во гостување на Сител изјави дека според него Југославија не нѐ разделувала со Бугарија, како што рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.,
,Во таа Југославија сите сме живееле заедно. Имате добар дел луѓе, посебно во Македонија кои што работеле во тие заеднички државни компании и останале тука да живеат. Баш заради тоа ние сме се зближиле можеби во таа Југославија како посебности кои што сме ги имале, така што во тој дел не можам да се согласам, бидејќи јас како претставник на српската заедница можам да кажам дека баш таа Југоаславија нѐ направила да бидеме блиски, односто исти на некој начин“, вели Богдановиќ за Сител.
Тој рече дека за идентитетот, јазикот и постоењето на македонскиот народ не може да се разговара.
Заев во интервјуто за БГНЕС рече дека Југославија го разделила македонскиот од бугарскиот народ.