02 Мај, 2024
0.0278

БОКИ 13 СО ПИСМА ДО АМБАСАДОРИТЕ НА САД, ЕУ И ФРАНЦИЈА - побарал да го посетат во затворот

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски или Боки 13, кој е првообвинет во случајот Рекет, вели дека се чувствува како политички затвореник, нагласувајќи дека вистината за случајот ќе се дознаела само ако има правичен процес.

На денешното судско рочиште тој рече дека доколку Судот носи одлуки под притисок, не исклучува да штрајкува со глад.

„Го молам Судот да носи одлуки без странични закани и притисоци. Денеска испратив писма до амбасадорите на САД, ЕУ и Франција, Брнс, Жбогар и Тимоние, како и до  Хелсиншки комитет и побарав посета од нив во затворот“, обзнани Боки 13. 

Бојан Јовановски смета дека е политички затвореник. Тврди дека има закани по неговиот живот, што го поткрепи со барање кое веќе го испратил до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Нему, пак, сакал да му сподели строго доверливи информации. Но, од Јовески, вели,не добил никаков одговор, иако неговото барање било многу сериозно. 

Боки 13 сведочеше дека закани почнал да добива по исказот кој го дал пред Вилма Русковска. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање