02 Мај, 2024
0.0245

Болен од рак ја одбил хемотерапијата и живеел до 102 години

Објавено во: Стил 26 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Чудесната историја на еден човечки живот е само уште еден доказ дека болните пациенти никогаш не треба да губат надеж и да продолжат да се борат.

Токму кога во 1976 година лекарите му дијагностицирале рак на белите дробови, Стаматис Мораитис не се помирил со фактот дека наскоро ќе умре. Посетил девет различни доктори кои му потврдиле дека му останува половина година живот и дека веднаш би требало да започне со агресивен третман на хемотерапија. Не сакал да се лекува на овој начин, па Стаматис се откажал од третманот во САД и се вратил во своето родно место, на остров Икарија во Грција.

Потоа се случило нешто неверојатно! На самиот почеток тој бил уништен од депресијата и по цели денови лежел во кревет, додека неговата сопруга и мајка му се загрижиле за него. Сепак еден ден му се вратила вербата и неговата желба за живот, па претпоставувајќи дека ќе живее уште малку, тој одлучил последните месеци од животот да се шета, и да комуницира со луѓето ... Само да има активен живот. Во следните неколку недели, тој почувствувал дека силата полека се враќа, па еден ден дури решил и да засади градина, иако не очекувал дека ќе живее до раѓањето на плодовите од засадените растенија. Сепак, ова е добра причина да се искористи времето под сонцето, на чист воздух крај морето.

Поминале шест месеци, но Мораитис не умрел. Наместо смрт, тој работел на земјата, се будел порано и во текот на целиот ден престојувал надвор, на воздух. Стаматис си приготвувал ручек од зеленчукот кој што си  го посадил во својот двор. Навечер тој се повлекувал во локалната кафеана играјќи домино до доцна по полноќ. Минувале годините, а тој се чувствувал се повеќе здрав.

По цели 30 години таков начин на живот, тој наполнил 97 години и кога сфатил дека нема наскоро да умре, решил да оди на преглед со своите стари резултати, со цел да провери што се случило.

Наскоро разбрал дека сите овие лекари, кои му предвидувале уште 6 месеци живот, тогаш веќе биле мртви, односно дека тој сите ги надживеал. Мораитис никогаш не почнал со хемотерапијата, која требало да му го продолжи животот, тој само се преселил на Икарија.

Неверојатниот старец, почина на возраст од 102 години, а во неговиот смртен чин како причина за смртта е наведена длабоката старост, а ракот не е споменат, бидејќи во последниот преглед тој не ни постоел.

Пораката од историјата на животот на Мораитис е тоа дека луѓето треба да знаат дека на болниот човек не му треба толку медицина, колку што му треба верба, волја и љубов кон природата. За здравјето е потребна регенерација на телото и духот. Она што е особено интересно е фактот дека местото во кое Мораитис ги поминал последните децении од животот, во светот е познато по здравата храна, но и како остров, на кој „луѓето забораваат да умрат“.

Таму жителите речиси не знаат што е тоа болест на срцето или рак и слични случаи се вистинска реткост за Икарија. Маслиновото масло, „arugula“, леќата, интегралниот леб, оригано, магдонос и сите слични билки секојдневно се претставени на трпезата на овие луѓе. Исто така, црвеното месо во Икарија не се јаде повеќе од еднаш неделно. Можеби немаме многу пари, но секогаш имаме храна на масата и се забавуваме со семејството и пријателите. Не брзаат за сите обврски да ги завршат во текот на денот, за да не работат и навечер. На крајот на денот не седнуваат пред телевизорот, „туку зборуваме и се смееме“, велат жителите на Икарија.

Необичниот животот на Икарија се состои во тоа што таму никој не брза. Сè што луѓето јадат, тие самите го произведуваат во нивните градини. Во текот на денот тие одат и по 20 километри, а во попладневните часови целото село почива. Овие луѓе се смеат и се пријатели едни со други. Живеат без голем стрес и токму поради тоа се најсреќни. Борбата за пари за нив е нешто непознато.