02 Мај, 2024
0.0257

ПАТРОЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЗА ПОМИРНО ЛЕТО!

Бројот на кражби повеќекратно се зголемува во летниот период

Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

“Знаејќи ги статистиките во летните месеци, како и навиките на крадците, како оптимални варијанти за граѓаните нашата компанија има заокружен пакет за обезбедување: од камери и аларми, до патролни тимови 24 часа, седум дена во неделата.”, вели Јовица Тадиќ, Раководител на Патролно обезбедување во ПерпетууМобиле.

Некои планираат каде, со кого и како да се избега од горештините, некои веќе и заминаа. Статистиките за тоа каде македонските граѓани ги потрошиле деновите за одмор, како и своите пари – ќе ги видиме некаде на почетокот на септември. А, полициските статистики за тоа колку станови, куќи и деловни простори се ограбени во текот на летниот период – ги слушаме секојдневно. Затоа што, како што стојат работите, во овие жештини ретко кој помислува на опасноста нивниот празен дом да биде посетен од неповикан и несакан гостин. Крадците, го чекаат својот момент!

Што тогаш им преостанува на граѓаните? Од една страна се превентивните совети што секое лето ги дава полицијата; од друга страна се конкретните понуди на агенциите за обезбедување на имоти и лица. 

Полициските статистики покажуваат дека процентот на провали и кражби е највисок во летните периоди бидејќи во овој период голем дел сопственици ги заштитуваат своите домови само со обично завртување на клучот. Во еден водич за заштита од провали на МВР се наведуваат неколку таканаречени “мамки” за провалниците, доколку успеат да влезат во домот. Тие совети и “мамки” се навистина полезни, но сепак се однесуваат на тоа кога крадецот веќе ви е дома!Согласно со полициските искуства, проблемот со кражбите во летниот период е тоа што тие секогаш со задоцнување се пријавуваат, се разбира, заради отсуството, период кој крадците го имаат како голема предност пред полицијата.

Најдобрата превентивна варијанта е крадците воопшто да не успеат да влезат во вашиот дом. Високософистицираните врати и брави се една од опциите. Вистинската одбрана од прв ред се алармните уреди, камерите за видео надзор и патролните служби на агенциите за обезбедување.

“Знаејќи ги статистиките во летните месеци и навиките на крадците, како оптимални варијанти за граѓаните нашата компанија има заокружени пакети за обезбедување: од камери и аларми, до патролни тимови 24 часа, седум дена во неделата.”, вели Јовица Тадиќ, Раководител на Патролно обезбедување во ПерпетууМобиле Обезбедување, една од најголемите и најреномираните агенции од оваа индустрија кај нас, која што има свои операции во сите градови во Македонија. Од таму велат дека со почетокот на летото започнале е поголемите побарувања на граѓаните за патролно обезбедување на домот и бизнисот, па, затоа и се одлучиле на летна акција во која фокусот е Патролното обезбедување.

Што тоа значи во практика и како функционира системот?

“Доколку крадец се обиде да провали во еден дом, куќа или канцеларија, да речеме преку главна или споредна врата, прозорец, таван... внимателно поставените сензори и алармот веднаш алармираат со звучен сигнал, но и во нашиот Центар за видео надзор. Секако, тоа го имаме регистрирано и на снимачот од камерите. Веднаш се алармираат Патролната служба и најблиските тимови веќе се во движење до локацијата. Времето на пристигање се мери во неколку минути. Но, она што е битно, е дека превентивниот момент најчесто знае да го одврати провалникот!”, вели првиот човек на ПерпетууМобиле одговорен за Патролното обезбедување.

Кога летноодморците конечно ќе пристигнат на нивната летна дестинација, сосема за нив разбирливо е тоа да го споделат со своите пријатели на социјалните мрежи. Споделувањето на слики и локации им дава до знаење на голем број луѓе, меѓу кои пријатели, но и не баш такви, дека вашиот стан е празен - информација која што може многу лесно да се злоупотреби. Значи, како прво: внимателно со сликите на Фејсбук; А, како второ: ангажирајте искусна агенција за обезбедување и патролни тимови која што ги знае вашите потреби и приоритети.

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа