12 Мај, 2024
0.0247

Брокулата го намалува ризикот од рак на грлото

Објавено во: Стил 03 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Научниците постојано работат на создавањето на лек против ракот.

Истражувањата се сложени, бидејќи големиот вид на туморски заболувања се премногу различни, различни механизми играат улога за лекувањето и нивниот развој и затоа третманот бара различни тактики.

Според една неодамнешна студија, екстракт од никулци на брокула делува исклучително антиканцерогено, претежно против видовите рак во областа на грлото и усната шуплина.

„Луѓето излекувани од рак во пределот на главата и вратот се со многу висок ризик од повторен развој на ракот, најмногу во усната шуплина и грлото. Често овие секундарни тумори се фатални“, смета авторот на студијата Џули Бауман од Институтот за ракот на Универзитетот во Питсбург, САД.

„Затоа ние развиваме безбедна природна молекула против ракот, изолирана од крстоцветниот зеленчук, кој се покажа ефикасен против ракот на усната шуплина“, изјавил Бауман, цитиран од електронското издание „healthmeup“.

Претходните истражувања покажаа дека крстоцветниот зеленчук како брокула, карфиол, зелка, имаат повисока концентрација на сулфорафан - супстанција кој помага за намалување на штетното влијание на животната средина и канцерогени материи.

Како дел од студијата биле вклучени лабораториски глувци, склони кон развој на ракот, на кои им биле давани одредени количини сулфорафан во текот на неколку месеци. Истражувачите откриле дека инциденцата на појавата на тумори значително е намалена.

По обидите со глувците, научниците им дале на 10 здрави доброволци овошен сок од смеса со екстракт од сулфорафан, направен од никулци на брокула.

Учесниците развиле несакани ефекти од конзумирањето на супстанцата. Пронајдени биле заштитни промени во слузницата на усната шуплина и грлото. Тоа истражувачите го потенцирале како екстрактот се апсорбира и насочува кон најризичните ткива.

Заклучокот е дека е добро брокулите и останатиот крстоцветен зеленчук да бидат почесто опфатени во менито за да се обидеме да го намалиме ризикот од развој на рак по природен пат преку здрава храна.