27 Јули, 2024
0.0247

Буџетските приходи би се оствариле само ако порастот на цените не стивне

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Проектираната стапка на раст на БДП е оптимистичка и со значајни изгледи да биде пониска, а стапка на инфлацијата е под голема неизвесност и може да забалежи значајни отстапувања во двете насоки (пониска или повисока). Буџетските приходи, и особено даночните приходи, се проектирани на високо ниво, и тие би се оствариле само доколку порастот на цените не стивне, што би било неповолен исход за животниот стандард на граѓаните. Ова го истакнуваат аналитичарите на „Фајнанс тинк“ во нивниот коментар за Предлог Буџетот за 2023 година.

-Предлог Буџетот не дава јасна слика за финалните контури на предложената даночна реформа, и претставува сериозно потфрлање во делот на фискалната транспарентност. Предвидува пораст на буџетските расходи за 12,6 отсто, што е неразумно високо, ако се има предвид ризикот од остварување на приходите и намерата за фискална консолидација. Сепак, намерата за фискална консолидација е појасно видлива во сегментите на плати за јавната администрација и расходите  за стоки и услуги, кои се проектирани со раст од 7,9 отсто и 5 проценти, соодветно, понизок од растот на вкупните расходи, но сепак се` уште значајно висок. Последново е особено важно поради нагласениот ризик буџетските трошења да влијаат проинфлаторно во услови на се` уште висок раст на цените генериран од надворешни фактори – се истакнува во нивниот коментар.

Според аналитичарите на Институот за економски истражувања и политики загрижува предвидениот раст на ставката други трансфери, од 11,5 отсто, имајќи предвид дека освен трансферите до единиците на локалната самоуправа, оваа ставка вклучува субвенции и други трансфери чија целисходност, ефикасност и ефективност останува „црна кутија“.

-  И покрај апелите на домашната и меѓународната експертска јавност за рационализација на овие трошења и нивно врзување со конкретни исходи/резултати, поголем исчекор се` уште не е направен и оваа ставка содржи доминантен елемент на непродуктивен и несуштински расход. Во услови на заострување на условите на финансиските пазари, и на домашиот и на меѓународниот, расходите за каматни плаќања се проектирани со раст од 26,4 проценти, и притисок којшто ќе се зголемува – се додава во нивниот коментар.


Укажуваат дека високи капитални инвестиции  е очекуван потег и шема на дизајнирање на Буџетот, но според нив ќе се реализираат околу половина, односно 400 милиони евра. Finance Think проценува дека буџетскиот дефицит или ќе биде надминат, или во текот на 2023 ќе се изврши значајно кратење на капиталните расходи. 

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет

КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра