Бугарите за Велигден потрошиле 120 милиони лева
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2016
За четирите викенди само од дебитни картички бугарските граѓани потрошиле над 120 милиони лева и тоа само во Бугарија.
Податоците се на националниот оператор „Борика". Во странство со картички од бугарски банки се потрошени уште околу 14 милиони лева.
Празниците се време кога се олеснуваат џебовите. За да се поминат деновите до крајот на мај, според психолозите, има два начини.
„Ако имам еден буџет и за чевли, и за јагнешко, и за букет за саканата, најверојатно по Ѓурѓовден букетот ќе биде помал. Има и друг принцип. Черчил вели: Кога не ти стигнаат парите или кога ќе завршат, треба да работиш повеќе ", објаснува психологот Никола Јорданов.
Тој вели дека за празниците најмногу заработиле одмаралиштата и туристички центри, а за граѓаните вели дека нема потреба за празник да купуваат голема количина јагнешко само затоа што очекуваат дека некој ќе им дојде на гости.