Бутарис: Заев сака компромис за името, Република Нова Македонија или Северна Македонија
Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2017
Солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис за австриски „Куриер“ вели дека премиерот, Зоран Заев нема националистички идеи како неговиот претходник Никола Груевски, кој вели беше страшна несреќа за земјата.
„Заев сака компромис за името: Република Нова Македонија или Северна Македонија. Грција никогаш не би го прифатила името Република Македонија“- вели солунскиот градоначалник за австрискиот весник.
Како што пишува „Куриер“, Бутарис смета дека со решението за името би се отворил патот на Македонија кон НАТО и дека Македонија би можела да најде нов идентитет за самата земја и за нејзините граѓани.
Претходно, на пратеничко прашање од опозициската Нова демократија, Бутарис преку писмено прашање објасни дека општина Солун, не води надворешно политика и дека поддржува сложено име за Македонија.
Тој беше критикуван во Грција поради тоа што во Скопје го употреби називот Македонија.