Цените на нафтата „паднаа“ во САД и Европа
Објавено во: Свет 20 Август, 2013
Во САД и Европа цените на нафтата „паднаа“ под 107 и 110 долари за барел. Трговците на оваа стратешка суровина веруваат дека американската централна банка наскоро ќе објави дека ги намалува монетарните стимулации за поттикнување на растот на најголемата светска економија.
Барел нафта на берзата во Њујорк за октомврискиот рок на испорака чинеше 106,52 долари или 34 центи помалку отколку на крајот на претходната испорака.
Истовремено на берзата во Лондон, барел од северноамериканската нафта од типот „брент“, чинеше 109,52 долари, односно 38 центи помалку од последната испорака.
Повеќегодишната примена на стимулативните мерки на ФЕД, која почнаа да се применуваат од почетокот на кризата во 2008 година, влијаеше на пад на каматните стапки на рекордно ниско ниво, поради што, нафтата и другите витални суровини станаа многу привлечни за инвеститорите.
Според проценките на пазарните аналитичари во САД, ФЕД може да се одлучи за ублажување на стимулативниот програм, познат под називот „квантитативно лобирање“, најрано во почетокот на наредниот месец и тоа би можеле да влијае на поевтинување на нафтата и на некои други стратешки производи.