Чавков со 18 години затвор, Игор Дурловски ослободен
Објавено во: Македонија 15 Март, 2019
Митко Чавков, поранешниот директор на БЈБ, доби првостепена казна затвор пд 18 години заедно со времето поминато во притвор и куќен притвор поради неделување за време на настаните на 27 април во Собранието. Митко Пешов е осуден на казна затвор од 15 години. Истата казна ја доби Душко Лазаров, Горан Јошевски - Леви, Оливер Радулов е казнет на 10 години затвор, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдулфета Алими е осуден на 7 години затвор, Младен Додевски доби 12 години. Јане Ченто доби 15 години затвор. Горанче Ангеловски е осуден од 12 години, исто како и Игор Југ. На Влатко Трајковски му е досудена 15 годишна казна, а за Вилијам Михајловски 14 години. Никола Митревски - Кољо е осиуден на 15 години, а за Александар Василевски - Нинџа е одредена осумгодишна казна.
Сите се прогласени за виновни за насилство и тероризам, освен Игор Дурловски,
Поранешниот директор на УБК, Митко Чавков, не побара амнестија со законската можност, а пред три дена беше приведен во притвор поради наводна дојава дека ќе бега во својата вила во Халкидики. Меѓу оние кои не побараа амнестија се и оперскиот пејач Игор Дурловски, инаку тогашен организатор на протестот „За заедничка Македонија“. Душко Лазаров, Јане Ченто и Игор Југ. се преостанатите кои не побараа амнестија.
Александар Василевски - Нинџа, кој имаше влијателно сведочење, е меѓу оние кои побараа амнестија, а не добија се Горан Јошевски – Леви, Горанче Ангеловски – Ќосето, Никола Митревски – Кољо, Абдуљфета Алими, Митко Пешов, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Младен Додевски, Вилијам Михајловски, Влатко Трајков и Оливер Поповски.
„Следејќи го настаните во живо на телевизиските канали, таквото однесување требало да предизвика чувство на страв и несигурност кај граѓаните, што има одлука на тероризам. Овој настан, за жал, ќе влезе во црната историја на државата. Зарем татковината се сака со тепање на пратеници. Тоа не може да биде патриотизам, туку претставување на земјата во негативна конотација. Тепачки имало и во други парламенти, но само помеѓу пратенички групи, а овде немаше тепаки меѓи пренетници“, рече судијката Добрила Кацарска пред изрекувањето на пресудата.
Видеозаписи и снимки од телевизии, интернет и мобилни телефони. Кршење инвентар. Но тука не застана , продолжи со немилосрдно тепање на пратеници, новинари и службени лица. Некои облечени во полициска униформа, кои наместо да спречат инциденти, тие беа неми набљудувачи и шетаа по ходниците, а некои од нив и седеа на фотелји. Некои и ја насочуваа масата кон кои простории треба да се движи.
Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски бил колатерална штета во претепувањето, а јасна мета биле премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Во доброорганизираната акција земени се хард-дисковите со цел да не бидат искористени како докази.
Митко Чавков, тогашниот шеф на безбедносниот штаб и директор на БЈБ, не реагирал со испраќање на дополнителни полициски сили, иако знаел дека заштитната ограда ќе се урне и топлата ќе се обиде да упадне во Собранието. Тој бил единствениот кој имал право на „златна команда“.
Одговорните во полицијата, кои се обвинети во нападот, требало да бидат подготвени за вакво сценарио откако уште истиот ден Заев најавил дека трпението на парламентарното мнозинство е при крај и дека ќе се одбира Талат Џафери како претседател на Собранието, но истите не реагирале.
Сведоци веќе потврдиле дека бил постигнат договор со Чавков на 27 април да биде намален бројот на полициски службеници. Лавков вечерта повеќе не одговарал на техничкиот министер за внатрешни работи Агим Нухиу, а потоа му одговорил „Народ се случува“.
Полициските службеници, иако морало да се грижат за граѓаните и надвор од своето работно време, тоа не го сториле на „крвавиот четврток“.
„Неспорно е дека Дурловски е во внатрешноста на Собранието, но од снимките се гледа дека не превзема насилство“, рече судијата Добрила Кацарска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.