29 Април, 2024
0.0350

Четири намирници за кои никогаш не би помислиле дека предизвикуваат рак!

Објавено во: Стил 06 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Можеби никогаш не сте помислувале дека овие намирници и состојки може да бидат канцерогени, но некои истражувања покажуваат дека е така...

Инстант кафе

Содржи акриламид, кој содржи и храна богата со јаглехидрати, подготвена на многу високи температури како чипс и пржени компирчиња.

Како да го избегнете?

Користете црно, пржено кафе бидејќи тоа содржи најмалку акриламиди. Компирите не пржете ги во фритеза, а ќе ви помогне и ако компирите ги ставите два часа пред готвење во вода како би се отстраниле сите лоши состојки.

Рибино масло

Journal of National Cancer Institute објави како високите дози на омега 3 масни киселини може да предизвикаат рак на простата.

Што да правите?

Придржувајте се до препорачаната доза. Авторот на студијата доктор Теодор Браски, советува неделно да се јадат само два оброци со масна риба.

Хартиени шолји за кафе

Освен што се лоши за околината, лоши се и за вашето здравје. Содржат хемиска состојка која може да биде канцерогена, наведува  International Agenci for Research on Cancer.

Како да ги избегнете?

Доколку веќе купувате кафе за надвор, купете си и шолја односно сад и замолете го келнерот во неа да ви го направи кафето.

Кафеав ориз

Научници од Aberdeen University откриле дека кафеавиот ориз содржи повеќе арсен во надворешниот дел отколку белиот ориз.

Како да го избегнувате?

Пред готвење добро измијте го. Односот на водата и оризот би требало да биде 6:1, на пример 300 мл вода и 50 гр ориз. Се препорачува да не јадете повеќе од два пати неделно.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти