Ципрас со маслиново гранче и „намигнува“ на Турција
Објавено во: Балкан 09 Март, 2018
Грчкиот премиер Алексис Ципрас е многу кроток и надежен кога се во прашање односите со Турција, особено што таму се приведени двајца грчки војници кои залутале и ја премнинале границата без некои злокобни намери, но турските власти сепак ги задржаа.
Ципрас на настан за развој на малите бизниси и предизвиците со кои се соочуваат во Грција доби маслиново гранче од Јоргос Каватас претседателот на грчката Конфедерација на професионалци, занаетчии и трговци (GSEVEE)
Во својот говор Ципрас истакна дека се надева токму ова маслиново гранче може да биде симбол за мир во Југоисточна Европа, алудирајќи на состојбата со приведените грчки војници во Грција. Секако, во говорот Ципрас не ја спомена Македонија.