03 Мај, 2024
0.0296

Д-р. Наќе Гогов: Состојбата во Струмица е алармантна, пополнети се и дополнителните кревети, докторите и сестрите се на работ на силите

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов, за телевизијата 24, Студио 10, тврди дека состојбата во тој град е алармантна, капацитетот на болницата е преполнет од се повеќе болни пациенти кои се лекуваат, а медициснкиот персонал е на крајот на силите. 

Струмица заклучно со вчера регистрираше 588 лица заболени од ковид, а во моментов 358 се активни, и 19 починати. Ситуацијата ескалираше последниов месец. 

„Состојбата во општа болница Струмица е алармантна. Бројот на пациенти кои бараат помош е се поголем. Зголемен е бројот на пациенти кои се тестираат овдека и излегуваат позитивни. А зголемен е бројот и на пациенти кои треба да се лекуваат во болницата. Ова е алармантна состојба, бидејќи ние до пред еден месец немавме така зголемен број на пациенти, имавме од два-три до пет, и тоа беше подносливо и за персоналот, и за сместување и за лекување. Сега состојбата е влошена, имаме голем број пациенти кои треба да се лекуваат во болницата во Струмица, но капацитетите засега се пополнети“, рече Гогов 

На Инфективното одделение во болницата е исполнет целиот капацитет, сите кревети се пополнети од пациенти кои се лекуваат, плус пациенти кои доаѓаат на дневна болница и така ја примаат терапијата препорачана од инфектолозите. 

„Тежината на персоналот кој работи во болницата е огромна и нивната издржливост веќе е при крајот, тие се на крајот на силите. Настојуваме да го одржиме тонусот на работата на Инфективното одделение“, рече Гогов.

Во болницата биле додадени 19 нови кревети, и бил проширен капацитетот, но сега и тие места се пополнети. 

„Сепак, состојбата засега е алармантна и капацитетите се исполнети до последен“, вели Гогов. 

Тој укажува дека ако продолжи состојбата како што е до сега, треба да се планира нов простор кој би примил уште неколку кревети. 

„Сега на Инфективно работат моментално двајца инфектолози, бидејќи еден беше позитивен и беше на домашно лекување, а повлековме и специјализанти и се вклучени во работата на инфективното одделение. Значи, двајца специјализанти се прва смена, двајца се втора смена и двајца дежурни кои им помагаат на инфектолозите на Инфективното оделение. 

Постојано бараме помош од МЗ ако може да се најдат колеги инфектолози кои би помогнале, но во блиско опкружување нема инфектолози кои би помогнале. Бараме и медицински сестри, бидејќи постојните не можат да го издржат ова темпо на работа“, нагласи Гогов.

Тој смета дека ескалацијата се должи на групирање, дружење, непочитување на мерките, неносење маски, фактички недисциплината на граѓаните. 

„Сега состојбата ескалира. Верувам дека како резултат на собирите, свадби, веселби, така се инфицираат, непочитувајчи ги правилата. А и младите што прават журки“, објасни директорот на Струмичката болница. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?