01 Мај, 2024
0.1933

Д-Р ЖАНЕТА КАРАГОЦЕВА: Депресијата е болест со илјада лица која не поминува сама од себе

Објавено во: Македонија 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Се зголемува бројот на лица кои страдаат од депресија во Македонија. Секој петти човек има симптоми на депресија,  покажува светската статистика, која според психијатрите важи и за нашата земја. Статистиките на Институтот за јавно здравје покажуваат дека за пет години, бројот на овие лица кои болнички се лекуваат, пораснал од 585 на 803 пациенти, што е пораст за околу 37%.

Според евиденцијата, оваа болест во нашата земја е позастапена кај женската популација.

Повеќе години наназад СЗО предупредува дека до 2020 година депресијата ќе се искачи на неславното високо второ место на скалата на заболувања според бројот на луѓе засегнати од нив и онеспособени за секојдневни активности и радости, веднаш по кардиоваскуларните заболувања. Бројот на заболени лица во Европа надминува 33 милиони. Загрижувачки бројки, особено ако се знае дека на нашите простори луѓето сèуште срамежливо ги посетуваат психијатриските ординации плашејќи се од стигматизацијата.Депресијата е стара колку и човештвото. Таа е болест со илјада лица. Многу често во секојдневниот говор неправилно се користи овој термин за да се означат тага, нерасположение, загриженост, но, таа е многу повеќе од тоа. Секој од нас почувствувал или ќе почувствува тага или загриженост заради реални емоционални или материјални загуби, но тоа не е депресија. Ако тагата се појави немотивирано, или е несразмерна на поводот,  ако човекот се чувствува безнадежен, безвреден, со изгубен интерес за работа или активности кои претходно му создавале задоволство, со констатно чувство на замор, нарушен апетит и сон (особено рано утринско будење), намалена или изгубена сексуална желба, чувство на вина, ниска самопочит, мисли за бесперспективност, идеи и размислувања за самоубиство - тоа со сигурност е депресија. Кон сите овие симптоми се надоврзуваат социјалната изолација ипрофесионалната неефикасност“ – вели д-р Жанета Карагоцева, специјалист психијатар.

Според неа, причините за појава на депресија се комплексни: од биолошки (нарушена функција на невротрансмитери), генетски, социолошки (значајни промени во животот, загуби на блиски членови на семејството, злоставување во минатото, злоупотреба на алкохол и опијатни средства), како придружна појава кај соматски заболувања и слично.

„Депресијата не поминува сама од себе. Човекот не може сам да се излечи. Лекувањето може да биде многу ефикасно доколку навреме се детектираат промените во расположението, било од страна на самиот поединец, неговите блиски, или матичниот лекар. Во лекувањето се користат многу ефикасни антидепресивни лекови, анксиолитици и психотераписки методи кои во текот на третманот доведуваат до постепено подобрување, бледнеење на основните симптоми и постепено враќање во секојдневното живеење и функционирање. Притоа луѓето се охрабруваат да го променат и начинот на живеење и функционирање, преку ослободување од зависноста од штетни супстанци, воведување на физички активности, пронаоѓање на некое хоби, вклучување во групи за поддршка и слично“ –додава Карагоцева.

Вели дека од особено значење е поддршката од семејството, работната средина и заедницата. Само така, здружени во оваа борба ќе помогнеме поединецот побрзо да се извлече од канџите на депресијата,  смета Карагоцева.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски