Дачиќ: Србија во дијалогот со Косово пристапува искрено и без скриена агенда
Објавено во: Балкан 03 Април, 2018
Белград е определен за искрен и конструктивен дијалог со Приштина, но тој не ги дава очекуваните резултати, изјави шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, за време на отворањето на граничен премин меѓу Србија и Унгарија.
„Србија во дијалогот пристапува искрено и без скриена агенда. Приштина со добро смислени провокации и опструкции, со очигледна поддршка на некои странски сили, го пролонгира извршувањето на својот дел од бриселскиот договор, го обесмислува дијалогот и со тоа директно ја загрозува стабилноста на регионот“, рекол Дачиќ.