02 Мај, 2024
0.0290

Дали девојката на Саздовски ќе сведочи денеска во Обвинителството

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

По смртта на младиот навивач Никола Саздовски, по денешното клучно сведочење, но и по резултатите од обдукцијата, Обвинителството денеска најверојатно ќе отвори истрага со поинаква квалификација, наместо обвинение за насилство. Се претпоставува дека клучниот сведок би можела да биде неговата девојка, по информациите дека таа била присутна кога Саздо бил претепан во Автокоманда, откако бил следен еден месец.

„За Обвинителството не е обврзувачка првичната квалификација на делото дадена со пријавата од МВР. Полицијата ги гони сторителите, но истрагата ја води Обвинителството. По прибирање на релевантниот доказен материјал, по денешниот исказ на клучен сведок на настанот, како и по резултатите од обдукцијата по смртните последици настанати од насилството, Обвинителството ќе донесе одлука, и најверојатно ќе отвори истрага за поинаква правна квалификација на кривично дело“, велат извори од ОЈО за Дојче веле.

Повредите што му биле нанесени на Саздовски биле толку големи, што десетдневната битка за неговиот живот од страна на лекарите од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), вчера заврши без успех.

„Момчето беше донесено во многу тешка состојба, со многу тешки повреди на мозокот. На неколку пати е враќано во живот, но за жал подлегна на повредите“, изјави раководителката на КАРИЛ, Мaja Мојсова.

Двајца од напаѓачите пријавени за „насилство“ се во притвор, а полицијата трага по третиот. Во Кривичниот законик за делото „насилство со смртна последица“ е предвидена казна затвор од 3 до 10 години. Но, по смртта на Саздовски на социјалните мрежи се множат повици насилниците да се гонат за „убиство“. Обвинувања до надлежните институции доаѓаат од навивачката група „Комити“, чиј член бил Никола. Тие имаат веќе „завршена истрага“ за настанот.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?