Дали идната година ќе донесе промени на границите на Балканот?
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2017
Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли изјави дека очекува до крајот на 2018 година да има конечен мировен договор со Србија.
Тој рече дека следниот месец дијалогот меѓу Приштина и Белград ќе се интензивира.
„Во 2018 година ќе го завршиме дијалогот. Јас сум оптимист дека дијалогот ќе заврши со мировен договор меѓу Косово и Србија. Овој договор е неопходен и за Косово и за Србија, и за иднината на народите во целиот регион“- изјави Пацоли.
Деновиве Косово усвои документ, со кој сака да ги прекрои границите на Балканот, односно сака да земе 17% од територијата на Црна Гора.
Црногорскиот претседател, Филип Вујановиќ, кој престојува во официјална посета на Албанија јасно му порача на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, дека Договорот за демаркација на границата со Косово за неговата земја е завршена работа.