Дали папата ќе учествува во решавање на кризата во Венецуела?
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2019
Венецуелскиот претседател, Николас Мадуро бара од папата да посредува во политичкиот спор настанат во неговата земја.
„Му испратив писмо на папата Франциско. Се надевам дека е на пат или дека веќе е пристигнато во Рим, во Ватикан. Му реков дека сум во служба на Христа и во тој дух го замолив за помош во процесот на посредување и зајакнување на дијалогот“, изјави Мадуро за телевизијата Скај тг24.
Аргентинскиот папа Франциско од денес учествува на меѓуверски собир во Обединетите Арапски Емирати, како дел од зајакнување на врските со муслиманскиот свет.
Десет држави од Европската унија веќе го признаа лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела барајќи од него да распише претседателски избори во Венецуела.