03 Мај, 2024
0.0386

Дали политичките пазарења го подриваат кредибилитетот на функцијата пратеник?

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Политички пазарења, исклучувања од партии, пратеници кои решаваат да делуваат независно, менување на ставови по важни прашања за многу краток рок, се работи на кои бевме сведоци изминативе години.

Луѓето кои претходно се занимаваме со политика, и ја обавувале функцијата пратеник велат дека ваквите појави го подриваат и уништуваат кредибилитетот на функцијата пратеник. Сметаат дека пратеникот треба да работи во интерес на граѓаните, а не за свој личен интерес.

„Еден пратеник кога ќе добие мандат, треба да го истера тој мандат во партијата преку која влегол во Собранието, гласачите на таа партија му дале доверба, и откако ќе му заврши мандатот, да паузира неколку години од политичките случувања, да не ја коментира својата партија, или некоја друга. Политиката е проклета професија“, вели Фатмир Асани, поранешен пратеник.

Бранко Арсовски, поранешен пратеник објаснува дека пратениците се политички работници кои често се на тапет, и се критикувани дека не работат, или дека работат за свој личен интерес. Тој вели дека слабости има во партиите, затоа што пратеници не секогаш стануваат најдобрите, туку најпослушните.

„Додека јас бев пратеник, во првиот и вториот собраниски состав немаше такви појави. Пратеникот мора да биде храбар, да има силен кредибилитет и интегритет. Ако еден човек е професионален во тоа што го работи, ако изградил кредибилитет и силни морални вредности, ниту пари, ниту престиж, ниту функција, не можат да го купат. Ако јас се продадам за некакви привилегии, како ќе се појавам меѓу народот, во мојот град и околните села, јас не би бил ниту личност во тој случај“, рече Арсовски.

Вели дека сите пазарења на политичко ниво придонесуваат граѓаните да немаат доверба ниту во пратениците, ниту во политичарите воопшто.

Во земјава минатата недела имаше превирања на политичката сцена, откако требаше да се гласа за доверба на Владата, а пратеникот Кастриот Реџепи не дојде, по што тврдеше дека  се премислил, но и дека добивал закани. БЕСА го исклучи од своите редови.  Претходните години пратениците беа критикувани за висината на патните трошоци кои ги добивале, за вработување на нивни блиски, за недоаѓање на седници, а има и такви кои многу ретко се вклучуваат во дискусиите. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?