Дали САД тргнува во конечна пресметка со Асад?
Објавено во: Свет 17 Јуни, 2016
Најмалку 50 претставници од Стејт департментот потпишаа интерен документ протестирајќи против политиката на САД во Сирија и повикувајќи за воена акција против владата на Башар Ал Асад.
Во документот се повикува на покренување напади бидејќи режимот на сирискиот претседател целосно го крши договорот за прекин на огнот.
Според нив, сегашниот пристап работи против сириската опозиција му помага на Асад да остане на власт.
„Рационално е да се преземат чекори за да се прекине крвопролевањето и страдањата во Сирија по петгодишна брутална војна. Статус кво не може да опстане во Сирија“- се вели во документот во кој имале увид Њујорк тајмс.
Волстрит журнал потсетува дека претставници на администрацијата на Обама изразувале загриженост дека напади против режимот на Асад може да доведат до директен конфликт со Русија и Иран.
Њујорк тајмс наведува дека писмото нуди против сириските владини трупи да бидат нанесени воздушни напади, но се признава дека ова крие ризик. Во документот се зборува за „рационално користење на вооружувањето“, за да се стави крај на кршењето на примирјето.
Претставникот на Стејт департментот, Џон Кирби одби да ги коментира информациите.