10 Мај, 2024
0.0244

Дали се зголемува инвестициската доверба во Скопје со предвидениот раст на БДП?

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Растот на БДП во Северна Македонија се очекува да биде над 4 проценти во првиот квартал од 2019 година, што ќе ги надмине претходните предвидувања од 3,2 отсто за целата година. Овој неочекуван раст е резултат на развојот на производствената индустрија, зголемените инвестиции во патнатаинфраструктура и зголемениот увоз и извоз во индустриските зони во Северна Македонија. Во комбинација со најниските каматни стапки во последните 20 години, сè повеќе компании и поединци имаат можност да дојдат до слободни финансиски средства, и да започнат нов инвестиционен циклус.

Проект кој оваа и следната година треба да биде на некој начин економски акцелератор, да влиајае позитивно на растот на БДП секако е инвестицијата на корпорацијата Лимак. Станува збор за проект вреден 200 милиони евра, кој ќе овозможи работа за многу македонски компании суб-контрактори и ќе влијае позитивно на понатамошниот економски раст.

Со "Лимак Дајмонд", се очекува да се зголеми довербата на домашните и странски инвеститори и бизнисот со недвижности да стане попривлечен и поисплатлив. Претпоставките се дека овој проект ќе биде интересен за индивидуалните инвеститори од регионот, како и од Турција, а посебно ќе биде интересен за иселениците кои би сакале и во главниот град на Северна Македонија да имаат свој недвижен имот, кој на долг рок може само да ја зголеми својата вредност. Најголемиот пораст во градежништвото може да се очекува во главниот град Скопје, и потенцијално во други туристички дестинации како Охрид, Маврово и Попова Шапка.

Инвестирањето во недвижности сè повеќе изгледа како сигурна инвестиција, како нешто поисплатливо во споредба со влог во банка или во хартии од вредност, посебно ако се инвестира во високо квалитетен објект на добра локација во срцето на градот, која секогаш ќе биде актуелн.

Покрај стабилниот раст, се очекува инфлацијата која во 2018 година беше со стапка од 1,5%,да остане умерена,да порасне до 1,8% во 2019 година и 1,9% во 2020 година, покажува најновиот извештај за земјава на Светска Банка.

Според НБРМ каматните стапки на банкарските производи веќе имаат надолна тенденција, па се очекува да продолжат да опаѓаат во текот на 12-месечниот период, кој следи.Овој предвиден пад на каматните стапки обезбедува одлична можност за индивидуалните инвеститори да почнат да земаат кредити и да ги вложуваат своите средства во инвестициони форми кои ги сметаат за најдобри.

Никогаш не било подобро време да се инвестира во Северна Македонија, особено кога земјата е веќе пред самиот официјален влез во Нато, и пред вратите на ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори