29 Април, 2024
0.0251

Дали вистински им помагаме на младите да стекнат дигитална писменост?

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Дигитална писменост - вештината која денес е еднакво важна како читањето и пишувањето, но сè поретко е сфатена во вистинскиот контекст. Иако младите почнуваат да користат дигитални уреди од сè порана возраст, неформалната употреба суштински не им помага многу во развивање на вештините кои ќе им бидат потребни за понатамошна лична и професионална надградба. Способноста од користење на уреди за игри и забава не е дефиниција за дигитална писменост кај младите.

Дигиталната писменост е многу повеќе од прифаќање на новите технологии, користење на социјалните медиуми или креирање и следење на фото и видео содржини. Таа е способност за користење на дигиталните технологии како алатки за создавање, селектирање и поврзување на информации од повеќе извори, во повеќе формати, и нивна употреба за подобрување на ефективноста во која било област – учење, работа, и сл.

Иако формалните тестирања кои до сега се спроведени во Македонија покажуваат висок степен на дигитална писменост кај младите, оваа тема останува актуелна за размислување и дејствување во правец на нејзино подобрување.

Живееме во време кога дигиталната писменост е еднакво неопходна за достигнување и на личните и на професионалните амбиции. Таа е задолжителна во речиси секоја област од дејствувањето бидејќи овозможува навидум комплексните задачи да се извршат на многу поедноставен и поефикасен начин со подобри резултати. На овој начин секое подобрување од аспект на дигитална писменост кај секој еден поединец дава придонес кон унапредување на економскиот и општествениот живот преку зголемена продуктивност. 

Затоа е важно да имаме на ум дека со самото обезбедување на дигитален уред на децата не им помагаме во надградбата на дигиталните способности. Потребно е да го насочиме вниманието кон начинот и целите во кои тие ги користат уредите и знаењата, и областите во кои практично ги употребуваат. Само така можеме да придонесеме кон нивниот личен и колективен прогрес.  

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг