10 Мај, 2024
0.0281

Давидовиќ: Судот ги проби сите рокови за „Крвавиот четврток“

Објавено во: Македонија 26 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ тврди дека обвинителството и судовите ги надминале сите рокови кога е во прашање предметот за 36-те осомничени лица за учество во настаните во Собранието од Крвавиот четврток. Рокот за поднесување на обвинителен акт наскоро истекува и обвинителството ќе мора да се изјасни што понатаму со овој предмет, вели Давидовиќ кој е адвокат на еден од осомничените. 

Во однос на одлуката на Врховниот суд за притворените пратеници и другите осомничени за настаните во Собранието од 27 април, рече дека се уште нема информација за тоа дали Судот донел одлука и се пожали дека во овој случај се пробиени сите рокови.

- За жал тоа е начинот на кој функционира судството веќе подолго време. Ние како бранители, а и осомничените некој пат дознаваме од средствата за јавно информирање, кои се поинформирани. Тоа го покажува односот на судството и почитување на законот и роковите. Ги пробија сите рокови, а се работи за најтешката мерка, вели Давидовиќ, кој е бранител на еден од обвинетите, во изјава за медиумите пред одржувањето на дебата на ФОН за „Демократска контрола над работењето на институциите на безбедносниот сектор - потреба и предизвици”.

Претседателот на Врховниот суд на РМ Јово Вангеловски порано денеска за МИА изјави дека очекува во текот на денов да биде објавена одлуката по жалбите за притворите на пратениците.

Врховниот суд требаше решението за жалбите на притиворените да ја донесе минатиот четврток. Според претседателот на Врховниот суд, Вангеловски, судот не доцни со решение, туку се работи за сложен предмет за кој не може да се очекува да има брза одлука.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска