02 Мај, 2024
0.0285

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Објавено во: Македонија 19 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Центарот за Политички Истражувања и Комуникации (ЦРПЦ), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги „Глас на вистината“ спроведе анкета во пресрет на парламентарните избори. На прашањето за која партија би гласале, граѓаните одговориле дека на ВМРО-ДПМНЕ својот глас би го дале 22,8 отсто од анкетираните, додека за СДСМ 16,3 отсто од испитаниците. 

Во врска, пак, со претседателските избори, анкетата на ЦРПЦ покажува дека  кандидатката од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова води пред Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, а Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи од Европскиот фронт предводен од ДУИ се во тесна трка.

Во албанскиот политички блок резулатите покажуваат дека разликата е доста помала. За албанската опозиција предводена од коалицијата Вреди би гласале 7,7 отсто од анкетираните, додека за Европскиот фронт предводен од ДУИ својот глас би го дале 6,9 отсто од испитаниците. За партијата Левица би гласале 3,9 од анкетираните. За партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски би гласале 3,2 отсто од анкетираните. Додека, 17,6  отсто одговориле дека нема за никого да гласаат, а 22,6 отсто не дале никаков одговор.

Анкетата на ЦРПЦ покажува дека Гордана Сиљановска Давкова води пред Пендаровски поддржан од СДСМ, а Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи од Европскиот фронт предводен од ДУИ се во тесна трка. На прашањето за кој кандидат би гласале на претседателските избори граѓаните со одговориле дека за кандидатот од ВМРО ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова би гласале 20,4 отсто од испитаниците, а за нејзинот главен конкурент актуелниот претседател Стево Пендаровски од СДСМ својот глас би го дале 16,8 отсто од анкетираните.

Во албанскиот политички блок Арбен Таравари од коалицијата Вреди според направената анкета води пред Бујар Османи од европскиот фронт предводен од ДУИ.

Па така за Таравари би гласале 7,9 отсто од испитаниците, за Османи пак 6,9 отсто од анкетираните. За Максим Димитриевски од ЗНАМ пак својот глас би го дале 2,7 отсто од анкетираните, додека за Билјана Ванковска од Левица би гласале 2,6 отсто од испитаниците. За кандидатот Стевчо Јакимовски од ГРОМ би гласале 1,2 отсто од анкетираните. 18,2 отсто одговориле дека нема за никого да гласаат, а 23,2 отсто не дале никаков одговор.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 8 до 13 април годинава врз 1210 испитаници избрани според случаен метод. Истражувањето било спроведено на ниво на цела Македонија, а запазени се етничкиот состав, бројот на гласачи и географската распределба. Маргина на грешка на оваа анкета е плус или минус 3 отсто.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање