29 Април, 2024
0.0272

Децата со попреченост ќе изучуваат специјална Build-Up програма со LEGO® коцки на Young Engineers

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Young Engineers од Скопје Македонија, Филозофскиот факултет преку Институтот за специјална едукација и рехабилитација, како и Здружението “Во мојот свет потпишаа Меморандум за соработка, со кој трите страни се согласуваат дека програмата Build-Up на Young Engineers со LEGO® коцки ќе може да едуцира и да се применува кај деца со попреченост.

Оваа иновативна програма започнува од октомври 2019 година и ќе се следат резултатите од практикувањето на овој пристап.



После пилот програмата спроведена во центарот “Во мојот свет” кој работи на ран третман и бројката на децата над 6 години е мала. Од таа причина во пилотирањето беа вклучени 11 деца на возраст од 4,5 до 7 години. Со оглед на тоа дека програмата е наменета за деца над 6 годишна возраст, очекувано, подобри резултати се постигнати кај децата на возраст од над 6 години. Охрабрува фактот дека и кај групата помали деца програмата делува стимулативно и има резултати на сите полиња на процена.


Како застапник на официјалните програми за интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика со LEGO® коцки на Young Engineers во нашата земја и прва лиценца на Балканот од 2017 година па наваму, многу ни е важно да понудиме еднаква можност за сите деца да бидат дел од оваа стимулирачка програма во нивниот развој а особено сакаме да истакнеме дека програмите се и инклузивни. Покрај овие иницијативи, Young Engineers Скопје има и редовни програми во текот на школската година, за кои во моментов имаме отворени уписи за сите заинтересирани деца и родители кои ја препознаваат вредноста на ваквата интернационална, наградувана и статистички проверена едукација” - изјави Сашка Теодосиевски, основач и директор на Young Engineers Skopje Macedonia.

Според доц. д-р Наташа Станојковска-Трајковска од Институт за специјална едукација и рехабилитација од Филозофски Факултет, програмата Build Up на Young Engineers за деца со попреченост, а особено кај деца со аутистичен спектар на нарушување, може да биде корисна и во функција на подобрување на третманот. Лего коцките ги препознаваме како убава алатка во усвојување на социјални вештини градење и решавање проблеми.Специјален едукатор и рехабилитор од тимот ја помина обуката и ја спроведе едукацијата на децата опфатени со третман во центарот.


 Програмата Build Up на Young Engineers е одлична можност за интеракција со другите, децата учат за време на игра и низ забава. Задачи кои ги поставуваме пред нас во текот на работата со деца со намалено внимание и аутистичен спектар на нарушувања се: поттикнување на комуникација, концентрација, логичко размислување, развој на фината мотрика, упорност, истрајност, независност, одговорност, стекнување со стратегија како децата сами да дојдат до целта, разбирање на процесите, способност за заедничка работа со врсниците, способност за вклучување во игра со правила, емоционална контрола и вештина за снаоѓање во различни ситуации. Последната фаза од програмата предвидува соработка, што е многу важна вештина кај децата со аутистичен спектар на нарушувања. Соработката во текот на работата со лего коцки, децата подоцна ја пресликуваат и во реална средина (на детско игралиште, на училиште). Децата најдобро учат низ игра.

Кај половина од децата има значително подобрување во вербалната или невербалната комуникација. Во делот на тестирањето беше вклучена и  проф. д-р Софија Георгиевска, психолог од Институт за социјална работа и политика.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг