Дејли Мејл објави фејк вест за Јапонец смачкан од 6 тони порно колекција
Објавено во: Свет 05 Март, 2017
Веста која ја објави Дејли Мејл за Јапонец смачкан од неговата порно колекција тешка шест тони испадна дека е „фејк њуз“ се со цел да добие голема читаност на интернет, а потоа беше преземена од голем број на светски, па секако и македонски медиуми.
Првичната објава „дека порното е лошо за вас“ беше дека осамениот јапонец опсесивно собирал порно магазини кои паднале врз него, а телото било откриено по дури шест месеци.
Вистината е сосема поинаква, јапонецот починал од срцев удар, телото било најдено по еден месец и не бил воопшто смачкан од порно тешко 6 тони иако во неговиот апартман навистина имало многу еротски списанија.