02 Мај, 2024
0.0296

ДЕН „Д“ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Брисел денес ја објавува стратегијата на ЕУ

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Европската комисија денес ќе ја објави својата стратегија за Западен Балкан, која има за цел да ја зајакне европската перспектива за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија и да ја забрза нивната евроинтеграција.

Според нацрт-стратегијата видена од EUobserver, новата политика на Европската комисија за Западен Балкан треба да се однесува на сите "шест балкански партнери" на ЕУ. Им нуди на Србија и Црна Гора шанса за пристап во ЕУ до 2025 година. Дотогаш треба да се реши прашањето за непризнавањето на Косово од Србија, тврди извор од европските институции цитиран од публикацијата.

Документот, заедно со други идеи за забрзување на интеграцијата, споменува дека сите шест земји треба да учествуваат на министерските состаноци на ЕУ и да присуствуваат на самитот за проширување во Бугарија во мај.

Дојдете кај нас

Десетина земји-членки на ЕУ сакаат шесте држави од Западен Балкан да бидат вклучени во политичките самити на Алијансата пред да и се придружат, пишува во нацрт-документот според Ројтерс.

Според документот, 12 земји (Австрија, Чешка, Естонија, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Латвија, Малта, Полска, Словенија и Словачка) предлагаат годишен состанок на ЕУ со лидерите на шесте земји од Западен Балкан. Во предлогот до Европската комисија на крајот од јануари, тие исто така инсистираа да им се дозволи на балканските министри да учествуваат на состаноците на високо ниво на ЕУ во областите како што се животната средина, здравството, транспортот и надворешната политика.

„Ова се бесплатни мерки што ќе имаат огромно политичко влијание и би биле корисни за подобрување на имиџот на ЕУ во регионот“, документот ги повикува европските официјални претставници почесто да го посетуваат Балканот. Треба да се разгледа и укинувањето на роаминг трошоци за балканската популација од 18 милиони жители.

Шесте земји веќе долго време се сметаат за идни членки на ЕУ. Но, поради стравувањата на западните престолнини за цената на уште еден бран проширување на исток, и со оглед на бавниот напредок во политичките, судските и економските реформи во регионот, многу луѓе на Балканот се прашуваат дали некогаш ќе влезат во ЕУ воопшто. Анкета од јануари покажа дека само мал дел од Србите ќе гласаат за членство во ЕУ на референдум, во споредба со 73 отсто во 2009 година.

Зошто сега

Србија и Црна Гора се најблиску до пристапувањето во ЕУ, бидејќи разговорите за членство се во полн замав, Македонија и Албанија сé уште чекаат да започнат разговори. Босна и Херцеговина и Косово се последни, но имаат потенцијален кандидатски статус.

Европската комисија сака повторно да ја потврди својата заложба за зближување со овие земји, во контекст на зголеменото присуство на Русија во Турција и Кина, пишува ЕУобсервер. Брисел нема да покаже датуми за евентуално членство во ЕУ, но се очекува да даде "изгледи за" пристапување во ЕУ пред 2025 година.

Одлуката да се прифатат нови членки зависи од земјите на ЕУ, но Комисијата сака да потврди дека стратегискиот регион е важен и дека овие земји порано или подоцна ќе се приклучат на блокот. Темата е еден од главните приоритети на бугарското претседавање со Советот на ЕУ. Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе ги посети шесте земји четири дена, почнувајќи од 26-ти февруари. Крајната точка на патувањето ќе биде Софија, бидејќи Бугарија е ротирачки претседател на Советот на ЕУ.

Приговори

Очекуваната нова стратегија веќе предизвика незадоволство од Шпанија во однос на нејзината позиција за Косово. Сите шест земји во регионот имаат ветување да пристапат во ЕУ еден ден, но Косово не може да напредува бидејќи Шпанија, Кипар, Грција, Романија и Словачка не го признаваат како суверена држава.

Мадрид не сака Косово да биде присутно во планот на ЕУ за забрзување на проширувањето со земјите од регионот, што беше, исто така, објавено во еден говор на еден од состаноците на програмата на бугарското евро-претседателство. Шпанскиот министер за внатрешни работи ја повикува Европската комисија да направи јасна разлика помеѓу процесот на проширување и пошироката стратегија на ЕУ за регионот.

Интервенцијата на Мадрид доаѓа во време на каталонска криза во земјата каде што сепаратистите од Шпанскиот автономен регион се обидоа да извлечат политички придобивки од поддршката на ЕУ за самоопределување на Косово.

Можеби ќе ве интересира

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија