01 Мај, 2024
0.0297

Ден Дончев го напушта Фондот за здравство со 32 милијарди денари

Објавено во: Економија 06 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Ден Дончев како директор го напушта Фондот за здравствено осигурување со приходи од 32 милијарди денари собрани главно од придонеси од бруто-плати, покажува објавената завршна сметка на ФЗОМ за 2019.

За повеќе од две и пол години колку што беше прв човек на фондот, приходите се зголемени за околу 5,5 милијарди денари, односно за 90 милиони евра разлика од 2017 до 2020 година.

Дончев стана директор во август 2017 година. Тој на парламентарните избори во 2016 г. беше носител на листата во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“ и важи за близок до екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Во 2017 пред тој да стапи на функција фоднот имаше приходи од 26,6 милијарди денари, од кои само 14,34 милијарди од придонеси од бруто-плати. Билансот покажува дека крајот на минатата година бил завршен со приходи од 32 милијарди денари и расходи од 31,25 милијарди.

На вчерашната 49-та седница, Владата ја прифати оставката на Даниел Дончев од позицијата директор на Фондот за здравствено осигурување на РСМ, поради приватни и семејни причини, како што е наведено во текстот на оставката.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во вчерашното гостување на ТВ24 рече дека се обидел да го убеди Дончев да остане до крајот на мандатот на владата, но дека тој бил решен да си замине уште од март.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција