28 Април, 2024
0.0289

Ден Дончев: Малцинскиот сопственик на „Тотал Тв“ беше болен, па јас му помагав

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Ден Дончев по вчерашните аудио-снимки денеска излезе со коментар во јавноста во која тврди дека како поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување му помагал на малцинскиот сопственик на „Тотал ТВ“ да го надмине спорот кој го имал.

„Второ објавената аудио снимка и трето објавената видео снимка се од приватен карактер и не се поврзани со извршување на мојата јавна функција.

Како што веќе беше објавено во некои медиуми, станува збор за приватни деловни односи помеѓу мој долгогодишен пријател кој е малцински сопственик во една македонска сателитска компанија и компанија од Србија како мнозински сопственик. Бев известен од малцинскиот сопственик дека има поднесено пријава во финансова полиција и пријава до СВР Скопје, единица за стопански и компјутерски криминал, а воедно побарал и судски да се дозволи ревизија на работењето на сателитската компанија. По извесен период од овие пријави, претставници на акционерскиот капитал од Србија иницираа контакти со малцинскиот акционер со цел да се најде решение на долгогодишните проблеми. Бидејќи во тој период малцинскиот сопственик беше тешко болен и на операција во Виена, побара од мене, во својство на пријател, да му помогнам нему и неговата фамилија во тие тешки мигови со цел да се најде заедничко прифатливо решение. Објавениот разговор е токму во тој контекст. До такво решение не дојде и според моите сознанија спорот сеуште трае.

Не сум имал било какви директни или индиректни комуникации со гореспоменатите институции во врска со оваа прашање. Спомнувањето на тие институции во објавениот разговор се врз основа на информациите кои јас ги добив од малцинскиот сопственик врз основа на неговите пријави. По заздравувањето на малцинскиот акционер јас ги прекинав сите контакти и понатаму тој си продолжи да си ги бара правата преку институциите на системот“, гласи коментарот на Дончев.

За првата аудио-снимка вели дека е извадена од контекст, затоа што тој од секогаш бил против продажбата на концесијата на дијализниот центар  „Дијамед Македонија“.

„За првообјавената снимка, се што имав да кажам за случајот Дијамед, јавно и официјално го изнесов како директор на Фондот за здравство. Случајот е тежок околу 200 милиони евра. Да не заборавиме, како што е општо познато во јавноста, во банка во Монако се замрзнати 9 милиони евра, а во Македонија 2,5 милиони евра, на име на поранешната „сопственичка,, Вера Иванова.

Од тука, треба да стане јасно зошто сум под константен напад од одредени центри на влијание. Главното прашање коешто произлегува од ова е зошто државата доделила толку штетна концесија преку која 12 милиони евра се слеани во приватни џебови?

За овој случај сум имал многу средби и разговори, некогаш официјални, некогаш консултативни а некогаш неформални. Целта секогаш беше да се најде најдобриот и најсоодветниот начин да се заштитат интересите на државата, но притоа ни во еден миг да не се загрозат услугите на пациентите на кои им е потребна дијализа. Токму во двете снимки, се разговара за можните стратешки правци за дејноста дијализа по продажбата на Дијамед Македонија“, вели Дончев.

За видео-снимката пак тврди дека станува за приватни односи кои се случиле многу одамна.



Можеби ќе ве интересира

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица