29 Април, 2024
0.0239

ДЕНЕС Е ХРИСТИЈАНСКИ ДЕН НА ЖЕНИТЕ: Православците слават три големи светици!

Објавено во: Стил 23 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Христијаните денес слават три свети жени - благородничката од Цариград, која не се согласувала принудно да се премажи после смртта на мажот и, и нејзините две робинки кои ја следеле на патот на нејзината жртва.

Приказната за благородничката од Цариград која 11 години со своите две робинки живеела во планините пред да се успокои прв ја пренел епископот монемвасиски Павле.

Благородничката имала несреќа мажот да и почине додека била уште многу млада, и во својот брак не стигнале да остават ниту наследник. Набрзо после смртта на мажот локалниот благодник со сила ја натерал со своите робинки да дојде кај него да живее.

Благородникот очекувал од неа да се однесува како да му е жена, и со неа сакал да има деца, но благородничката се осудила да избега во планините каде со своите робинки живеела 11 години додека не ја сретнал епископот Павле.

Иако и нудел да се врати во цивилизацијата, и дека во манастирот ќе пронајде заштита, таа го одбила тоа и одлучила целиот живот да го помине во нечовечки услови.

-Оче подобро нареди му на свештеникот и овде да отслужи литургија, да се причестиме на тајните Христови. Откако јас и овие две жени, кои беа робинки, а сега се слободни како и јас, излегоа од градот, не се удостоивме да ги примиме светите тајни - му рекла .

Легендите велат дека трите жени починале во три дена по ред. Павле со нивните исповеди бил толку потресен што одлучил да ги прогласи за светици.

Денешниот ден во христијанството се обележува и како ден на женските сили, во кој се покажало дека жените со силна волја може да направат и најголеми подвизи.

   

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти