29 Април, 2024
0.0235

ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ СВЕТИ ТРИФУН: Еве што значи ако денес врне дожд, а што ако биде сончево!

Објавено во: Стил 14 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Верниците денес го слават Свети Трифун.

Тој живеел во третиот век, а е роден во Кампсада, во Фригија. Неговите родители биле многу побожни и таа побожност ја пренеле на својот син.

Во својот живот се занимавал со чување на гуски, но бидејќи и бил верен на Христовата вера, Бог го обдарил со чудотворна моќ, и тој со своите молитви лекувал многу болни од разни болести.

Според преданијата Свети Трифун, помеѓу останатите ја исцели и Горда, ќерката на римскиот цар Гордијан, која страдала од некоја тешка душевна болест, која ниту еден лекар не можел да ја излекува.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/02/13/denes-e-sveti-trifun-i-edna-rabota-mora-da-ja-napravite-za-da-ve-sledi-sreka/" target="blank" ]УТРЕ Е СВЕТИ ТРИФУН – И една работа мора да ја направите за да ве следи среќа![/button]

Царот поради тоа богато го наградил, а тој сите тие дарови им ги подарил на сиромашните. За време на рискиот цар Дециј , Трифун претрпел страшно мачење и на крај умрел.

Свети Трифун се смета за заштитник на нивите, градините и лозјата и полињата.

Постои верување дека ако на овој ден паѓа дожд или снег, ќе биде плодна и дожделива година, а ако е ведро, годината ќе биде сушна и неродна.

Се верува дека Свети Трифун ја штити лозата од град и штетности и дека на овој ден треба да почне градинарството. Во некои краеви се поврзува за заштита од глодарите па постои обичај за отворање на ормарите преку ноќ.

Постои верување дека Трифун на својот празник во земјата фрла факел и од тој ден снегот почнува да се топи.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти