02 Мај, 2024
0.0256

Денес во Охрид стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал „Биди банкар“

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Денес во Охрид официјално стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал, „Биди банкар“, којашто ќе трае сѐ до 28 јули 2017 година. Претставници од Дирекцијата за човечки ресурси на Банката им посакаа добредојде и успешен старт на учесниците и ги воведоа во активностите што ќе следуваат во текот на Летната школа.

По спроведеното тестирање, беа избрани 10-те најдобри студенти на додипломски и постдипломски студии, кои, почнувајќи од денес, па сѐ до крајот на месец јули ќе бидат дел од Летната школа којашто се одржува во Охрид. Програмата на Школата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од страна на вработените во Банката од областа на банкарското работење и финансиите, обуки за меки вештини, тематски работилници, како и многу забава, дружење и едукација. 


Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни активности кои ќе им помогнат во понатамошниот кариерен развој на учесниците. 

По завршувањето на летната школа „Биди банкар“ на Охридска банка Сосиете Женерал, сите учесници ќе добијат сертификат за учество во Школата. 

Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk

Можеби ќе ве интересира

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?