03 Мај, 2024
0.0288

ДЕНЕС ВО ТРСТ: Голем состанок за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи владината делегација на Скопје на четвртата средба на врвот „ЕУ - Западен Балкан“ во рамките на Берлинскиот процес денеска во италијанскиот град Трст. Таму ќе биде и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Средбата има за цел да го стимулира процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан и да доведе до конкретни чекори во однос на инфраструктурата и нивно економска поврзување. За таа цел е осигуран фонд од 1,3 милијарди евра за Западен Балкан. Средствата треба да се користат до крајот на 2020 година за проекти во областа на транспортот, инфраструктурата, енергетиката, животната средина и иновации. Тие треба да бидат реализирани во рамките на Транспортната заедница на Западен Балкан, која ќе биде основана со потписите на премиерите на земјите од регионот на свечената церемонија.

На средбата ќе учествуваат премиерите на шесте земји од Западен Балкан, вицепремиери, министри за надворешни работи, за економија и за транспорт, високи државници на земјата домаќин, претседатели и премиери на одделни европски земји, како и претставници на ЕУ и на Европската комисија, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, комесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, како и комесарот за транспорт Виолета Болц. 

Во рамките на самитот премиерот Зоран Заев, заедно со средбите со највисоките европски државници и претставници на ЕУ и ЕК, ќе одржи и билатерални средби со премиерот на Албанија, Еди Рама, на Србија Ана Брнабиќ и на Словенија Миро Церар. Премиерот на Македонија ќе има средба и со Борис Џонсон, министер за надворешни работи на Велика Британија, кој ќе пристигне на оваа средба, како претставник на премиерот Тереза ​​Меј.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?