02 Мај, 2024
0.0266

Дерковски: Со прешкртана „Северна“ гласачкото ливче е неважечко

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Ливчето нема да е важечко ако се прецртува било што на него, вели претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Деновиве, а особено вчера на социјалните мрежи со фотомонтажи се споделуваа објави на кои наводно поистакнати членови на една партија повикувале да се прешкрта придавката „Северна“ на гласачкото листа. 

„Јасно се знае кое е важечко ливче со заокружен број пред носителот на листата, јасно изразена волја на гласачот, се друго се смета за неважечко гласачко ливче и ништо друго не може да доаѓа во предвид, кажа Оливер Дерковски. 

Од ДИК демантираа дека се знаат резултатите од гласањето вчера кога своето гласачко право го реализираа лицата кои се позитивни на Ковид-19 и се во изолација. Гласовите се уште отворени

Овие гласачки ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на Ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда. Истите тие ливчиња се вадат од пликоата и се спуштаат во гласачката кутија без да се провери за кого е гласано. Тие гласачки ливчиња се мешаат со сите останати гласачки ливчиња на 15 јули кога гласаат сите останати гласачи, така што резултатите од сите ќе бидат прикажани кога ќе заврши гласањето на 15 јули, изјави Адмир Шабани, портпарол на ДИК. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање