10 Мај, 2024
0.0273

ДЕТАЛИ ЗА КРАЖБАТА: Истрагата за 3 милиони евра се проширува и на братот на крадецот?

Објавено во: Македонија 14 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Се проширува истрагата за тешката кражбата од НЛБ Банка. Добрупатени извори коментираат дека најверојатно осомничениот Бобан С не бил сам во целата операција со која ја олесна банката за близу три милиони евра. Според потврдени информации, под истрага е и неговиот брат кој е вработен во Народната банка. Извори за “Фактор“ потврдуваат дека братот на осомничениот е вработен во НБМ и дека МВР го истражува неговото работење во централната банка. Не е исклучено дека вчера, полицијата била на неговото работно место. Според наши извори, братот на осомничениот е вработен во еден од секторите во НБМ поврзани со сметководство, и немал никаков контакт со трезорот на централната банка.

Од Народната банка исклучуваат каква било поврзаност со настанот, коментирајќи дека сосема случајно е тоа што братот на осомничениот работи во НБМ.

“Народната банка на никаков начин не поврзана со целиот настан. Сосема случајно е тоа што братот на осoмничениот работи кај нас, тој би можел да работи било каде, така што НБМ нема никаква поврзаност со овој случај. Се што бара МВР од нас во интерес на истрагата – соработуваме“ – велат од НБМ за “Фактор“.

Доброупатени коментираат дека не е исклучено и братот на осомничениот да е дел од операцијата, бидејќи истрагата е проширена и на него. Тој овие денови не одел на работа. Од МВР негираат дека освен приведениот Бобан, има и друго приведено лице. Кражбата на три милиони евра од трезорот на НЛБ Банка го привлече вниманието на јавноста и поради висината на украдената сума но и поради начинот на кој таа се изведе. Првите луѓе на банкарската групација велат дека овој настан нема да влијае врз редовното работење на банката и дека парите на клиентите се сигурни.

Бобан, како вработен во НЛБ Банка, операцијата за изнесување на парите ја спровел од 6 ти до 10 ти април, кога и беше приведен. Според информациите од истрагата, по приведувањето тој не кажал каде се парите и сеуште не е познато каде завршиле трите милиони евра. Бобан е осомничен по два основи, МВР го гони за злоупотреба а Јавното обвинителство – Скопје за затајување. По приведувањето, на Бобан му е одреден 30 дневен притвор.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска