29 Април, 2024
0.0247

ДИМИТАР СИЛЈАНОВСКИ ДЕЛ ОД ЖИРИТО ЗА СТАРТАП БИЗНИСИ НА БАЛКАНОТ

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската компанија за развој на продукти од ИТ секторот Интертек која работи на глобалниот пазар оваа година повторно е дел од Macedonia 2025. Сопственикот на компанијата Димитар Силјановски кој минатата година беше гостин панелист на самитот  и говореше за Македонија како како центар за паметни индустрии, оваа година ќе биде дел од жири комисијата за стартап бизниси на балканско ниво која е во организација на CANSEE (Канадско-српска бизнис асоцијација), Macedonia2025 и Restart (Босна и Херцеговина) за финансиска поддршка од Фондот за Западен Балкан.

 Оваа програма започна во Белград, како прв дел од трите, на која се разгледуваа идеите за бинзис. Следната фаза се одржа во Сараево во месец Август, а денеска заврши во Скопје каде беше и последната трета фаза.

 Според Димитар Силјановски на овој самит биле презентирани навистина голем број на идеи кои се за почит.

 "Драго ми е што имав можност да бидам дел од самитот Macedonia 2025 како дел од жири комисијата на старта ап бизниси. Имав можност да видам одлични бизнис идеи кои зааслужуваат навистина голема почит. Искрено се надевам дека оваа традиција и овој начин ќе продолжи и во иднина. Јас како сопственик на глобална компанија која почна буквално од нула пред само три години сум сведок дека успехот е неизбежен со желба и напорна работа" - изјави Димитар Силјановски, сопственик на Интертек и дел од жири комисијата за стартап бизниси.

 Победниците ќе имаат можност да ги презентираат бизнис идеите пред македонските, српските, босанските инвеститори и пред други инвеститори од светот, како и да се запознаат со голем број на бизнисмени и стопанственици со кои ќе можат да разменат идеи за развој и соработки.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг