02 Мај, 2024
0.0299

Димков: Наследникот на Зврлевски ќе биде послушник на Заев

Објавено во: Македонија 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Трајче Димков на партиска прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека СДСМ станале синоним за хаос, непочитување на законот и дрскост. Постапката за разрешување на Зврлевски била незаконска и надвор од процедурите, па така треба да следи и одговорност.

– Постапката за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски која вчера ја истуркаа пратениците на СДС и Талат Џафери во Собранието на Република Македонија е целосно незаконска. Тоа го потврди и антикорупциската комисија. Постои законска пречка да се разрешуваат и именуваат носители на јавни функции откако се распишани изборите. СДС не го интересира законот. На Зоран Заев му се брза. Целата јавност виде како бара поткуп од 100.000 евра за Вицето. Затоа СДС мора час поскоро да ја отпочне процедурата за избор на нов јавен обвинител. Човек кој ќе биде послушник на Заев. Човек кој ќе се обиде и по трет пат да го спаси и аболицира, како што беше сторено и за случаите „Глобал“ и „Пуч“, рече Димков.

Како што рече тој, на СДСМ и на Заев не им одговарал јавен обвинител кој отворил случаи за поткуп за избирачи во Струмица и во Куманово и според Димков на Заев му требал јавен обвинител кој ќе ги затвори овие предмети и ќе го исперел СДСМ, јавен обвинител кој ќе функционирал под негова команда и ќе испрател порака дека криминалот на СДСМ е неказнив.

– Мислењето на Антикорупциска комисија во кое се вели дека не може во период на кампања да се разрешува или именува јавен обвинител е доказ за аргументираната и принципиелна расправа на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“. Талат Џафери и СДС го кршат Уставот и законите. Ова преставува институционално насилие. Џафери и СДС свесно го игнорираат законот и Уставот. Затоа Џафери и СДС имаат потреба да ги охрабрат оние што го прават ова дека имунитет ги штити пратениците од кривично гонење, рече Димков.

Тој додаде дека имунитетот може да ги штити пратениците од кривичен прогон, но не ги штити од казната на граѓаните која ќе ги следи.

– Најмеродавниот суд е судот на народот. Токму народот ќе им пресуди со својот глас за хаосот и беззаконието кои ги креираат и за уништувањето на државните институции кое секојдневно го гледаме. СДС ја турка Република Македонија во неизвесност и ја приближува кон работ на провалијата. Граѓаните ќе ја донесат пресудата на 15-ти октомври, рече Димков.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање