29 Април, 2024
0.0267

ДИПЛОМИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЗАЧИ ЌЕ БИДАТ ПРИЗНАТИ НАСЕКАДЕ ВО ЕВРОПА И ВО РЕГИОНОТ

Објавено во: Мои пари 08 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Денес во просториите на Скопски саем се одржа ЕУ Конференција на тема хармонизација на квалификациите на професионалните возачи во Југоисточна Европа. На конференцијата присуствуваа претставници на Министерството за транспорт и врски на РМ, Академијата на меѓународната унија за патен превоз, Македонија сообраќаји СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ кои ги дискутираа прашањата за усогласеноста на македонската легислатива со Повелбата за квалитет, квалификациите на професионалните возачи и предизвиците со кои се соочуваат македонските транспортни компании.

На конференцијата свое излагање имаше г-дин Патрик Филип од Академијата на меѓународната унија за патен превоз (ИРУ Академија)која ги врши тренинг програмитеза професионални возачи на меѓународно ниво. Тој истакна дека според искуствата клучен фактор за безбедност на патиштата е поставувањето на минимум потребни тренинг квалификации за професионалните возачи.

Во Македонија, акредитиран центар на Академијата за меѓународната унија за патен превоз е Америт каде се вршат потребните тренинзи и обуки за професионална компетентност за возачи и менаџери. Во моментот Америт работи на усогласување на стандардите за обука на професионалните возачи и квалификациите на инструкторите кои ги спроведуваат овие обуки до одредбите кои се договорени во Повелбата за квалитет потпишана од сите земји членки на ЕКМТ (Европската конференција на министри за транспорт). Со тоаќе се постигне сертификатите со кои ќе се стекнат македонските професионални возачи да бидат признати во сите земји од регионот. Досега македонските сертификати не беа признати од земјите членки на ЕУ, ниту од државите од регионот на Југоисточна Европа.

Според г-ѓа Елена Ангеловска Атанасовска од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија, македонското законодавство во голема мера е усогласено со Повелбата за квалитет која ја имаат потпишано земјите членки на ЕКМТ, но останува да се направат дополнувања и измени кои уште повеќе ќе не приближат до истата. Како дополнение на овие измени според учесниците на конференцијата потребни се и мерки со кои ќе се продолжат инвестициите во патната инфраструктура во земјава, ќе се зголеми бројот на професионални возачи, ќе се поддржат инвестициите во нови возила со повисоки еко стандарди и да се изнајде начин за поефикасно справување со нелојалната конкуренција во областа на транспортот.

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024