Додик се плаши дека Изетбеговиќ ќе ја нападне РС со паравојски
Објавено во: Балкан 25 Ноември, 2017
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик обвинува дека Бакир Изетбеговиќ подготвува разни вооружени организации за напад.
Тврди дека сите босански политичари се подготвени да ја третираат Република Српска како политичка и воена цел.
„Затоа и постојат разни организации кои се формираат кај муслиманите, што ни е познато и за што имаме информации подолго време. Не ме интересира што мисли Бакир Изетбеговиќ и ако постои вооружување тогаш тоа е илегална структура, надвор од системот и контрола“- изјави Додик.
Весникот „Вечерње новости“ претходно објави дека Изетбеговиќ врши илегална обука на паравоени формации и дека досега низ обуката поминале 9.000 млади Бошњаци.