02 Мај, 2024
0.0253

Договорот е потпишан, Ивица Тодориќ и официјално го презема Меркатор

Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Агрокор и Меркатор и официјално го потпишаа договорот за соработка, кој е последниот документ во оваа фаза од трансакцијата, врз основа на договорот за продажба на 53,12 отсто од акциите, со што компанијата ја презема хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ за 240 милиони евра. Тодориќ крајот од минатата недела потпиша договор за преземање на поголемиот пакет од Меркатор со сопственичкиот конзорциум од 12 продавачи. Новопотпишаниот договор на Агрокор и Меркатор дефинира како ќе се одвива соработката меѓу управите на двете компанииа во периодот до затворањето на трансакцијата со која Агрокор ќе стекне сопственост на мнозински удел акции во Меркатор. Договорот за соработка, како што објави Блиц, бил потпишан од претседателот Агрокор, Ивица Тодориќ и извршниот директор на  ланецот Меркатор, Антон Балажиќ. Со овој договор и двете страни ветија дека ќе соработуваат во спроведувањето на договорот за продажба, за оваа трансакција да се спроведе според договорот, се вели во соопштението на Агрокор. Блумберг: Зделката ќе и помогне на Словенија Продажбата на Меркатор ќе донесе доволно пари во словенечкиот банкарскиот систем и ќе помогне за стабилизирање на земјата, објави претходно Блумберг. Двете најголемите словенечки банка Нова Љубљанска банка и Нова кредитна банкаМарибор, се дел од акционерите кои продадоа 53 проценти од акциите за 240 милиони евра. Блумберг пренесе дека Агрокор е најголемата компанија  со најголеми приходи во регионот, а преку спојувањето со Меркатор се создава најголемиот малопродажен ланец во Централна и Источна Европа со годишен приход од седум милијарди долари.
 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“