Донеси е-отпад а однеси вредна награда
![](/media/main/2015/10/e1.jpg)
Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2015
Компаниите Екоцентар 97 и Елколект од 30 Октомври до 1 Ноември, организираат голема акција за собирање на електричен и електронски отпад, на Плоштадот Магнолија во Битола.
Сите граѓани кои имаат стари електрични апарати, компјутери, монитори, процесори, и сите апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на оваа акција, ќе имаат можност да се ослободат од опасниот отпад а истовремено и ќе станат потенцијални добитници на многу вредни награди, за кои извлекувањето ќе се оддржи на 1ви Ноември во 12 часот. За време на настанот нашите патнери АМЦ, Мотоцентар, Јоки и Пан Европа на сите учесници ќе им доделат и ваучери со попусти.
Спроведувањето на оваа акција е од огромна важност поради подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи во предвид дека електричниот и електронскиот отпад кај себе имаат опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад во контејнери.
Екоцентар 97 се залага за спроведување на законот за електронски отпад и врши превземање и рециклирање на електронски и електричен отпад, по сите стандарди и нормативи.
Зачувувањето на природните ресурси и заштита на природната средина, се само дел од придобивките од рециклирањето на е-отпад, токму затоа бидете и вие дел од оваа голема општествено одговорна акција.
РАЗМИСЛИ ЗА ИДНИНАТА,РЕЦИКЛИРАЈ!
Можеби ќе ве интересира
ПОСТАВЕН КАМЕН-ТЕМЕЛНИК НА ПРВИОТ МАЛОПРОДАЖЕН ПАРК “Fashion Park Triangla” ВО ИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА СКОПЈЕ, ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
![](/media/main/250x170/2024/06/20240627164216.jpeg)
Samsung и француските визионери Рејмонд и Симон Депардон внесуваат свеж поглед на спортовите на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година со нова уметничка кампања во градот домаќин
![](/media/main/250x170/2024/06/20240627142214.jpg)
Вложете во вашата иднина со нов станбен кредит и депозит со најповолни каматни стапки до крајот на годината
„Макпетрол“ овозможи работилници против врсничко насилство во над 150 училишта
![](/media/main/250x170/2024/06/20240627132235.jpg)
Клиника Жан Митрев е првата целосно дигитализирана болница во регионот
![](/media/main/250x170/2024/06/20240627122757.jpg)
Конкурсот за наградата „Пегаз“ за 2024 година ќе биде отворен до 1 јули
![](/media/main/250x170/2024/06/20240627112342.jpg)
100 ГОДИНИ „СКОПСКО“ – СЕКОЈ ИМА СВОЈА ПРИКАЗНА СО „СКОПСКО“
![](/media/main/250x170/2024/06/20240627101255.jpg)
На Late Night Shopping не се оди неспремен - но затоа сме тука ние да ти помогнеме!
![](/media/main/250x170/2024/06/20240627100207.png)