Донеси е-отпад а однеси вредна награда
![](/media/main/2015/10/e1.jpg)
Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2015
Компаниите Екоцентар 97 и Елколект од 30 Октомври до 1 Ноември, организираат голема акција за собирање на електричен и електронски отпад, на Плоштадот Магнолија во Битола.
Сите граѓани кои имаат стари електрични апарати, компјутери, монитори, процесори, и сите апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на оваа акција, ќе имаат можност да се ослободат од опасниот отпад а истовремено и ќе станат потенцијални добитници на многу вредни награди, за кои извлекувањето ќе се оддржи на 1ви Ноември во 12 часот. За време на настанот нашите патнери АМЦ, Мотоцентар, Јоки и Пан Европа на сите учесници ќе им доделат и ваучери со попусти.
Спроведувањето на оваа акција е од огромна важност поради подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи во предвид дека електричниот и електронскиот отпад кај себе имаат опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад во контејнери.
Екоцентар 97 се залага за спроведување на законот за електронски отпад и врши превземање и рециклирање на електронски и електричен отпад, по сите стандарди и нормативи.
Зачувувањето на природните ресурси и заштита на природната средина, се само дел од придобивките од рециклирањето на е-отпад, токму затоа бидете и вие дел од оваа голема општествено одговорна акција.
РАЗМИСЛИ ЗА ИДНИНАТА,РЕЦИКЛИРАЈ!
Можеби ќе ве интересира
Итно копче – технологија што спасува живот со успешна реализација
![](/media/main/250x170/2024/06/20240626110700.png)
КИНА СТАНУВА ВСЕЛЕНСКА ТЕХНОЛОШКА СИЛА: Кси упати честитки за целосниот успех на мисијата Chang'e-6
![](/media/main/250x170/2024/06/20240625132651.jpg)
„Книга за Петре“ во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски
![](/media/main/250x170/2024/06/20240626092506.jpg)
КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ВИСОКА СТРУЧНА ШКОЛА ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ВО АКАДЕМСКАТА 2024/2025 ГОДИНА
![](/media/main/250x170/2024/06/20240625172735.jpg)
ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА ЗАРЕ ЛАЗАРЕВСКИ, ТВОРЕЦОТ НА СКИ-ЦЕНТАРОТ ВО МАВРОВО
![](/media/main/250x170/2024/06/20240625162205.jpg)
Фонтаната Лотос – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ
![](/media/main/250x170/2024/06/20240625121518.jpg)
Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија
![](/media/main/250x170/2024/06/20240625105412.png)
Прво навивање, а потоа домашни работи - лесно и брзо со Gorenje!
![](/media/main/250x170/2024/06/20240624135029.jpg)
Официјална премиера на целосно новиот Škoda Kodiaq
![](/media/main/250x170/2024/06/20240624163558.jpg)