Донеси е-отпад а однеси вредна награда
![](/media/main/2015/10/e1.jpg)
Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2015
Компаниите Екоцентар 97 и Елколект од 30 Октомври до 1 Ноември, организираат голема акција за собирање на електричен и електронски отпад, на Плоштадот Магнолија во Битола.
Сите граѓани кои имаат стари електрични апарати, компјутери, монитори, процесори, и сите апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на оваа акција, ќе имаат можност да се ослободат од опасниот отпад а истовремено и ќе станат потенцијални добитници на многу вредни награди, за кои извлекувањето ќе се оддржи на 1ви Ноември во 12 часот. За време на настанот нашите патнери АМЦ, Мотоцентар, Јоки и Пан Европа на сите учесници ќе им доделат и ваучери со попусти.
Спроведувањето на оваа акција е од огромна важност поради подигање на јавната свест за начинот на кој треба да се складира овој вид на отпад, имајќи во предвид дека електричниот и електронскиот отпад кај себе имаат опасни материјали штетни по здравјето на човекот и непосредното животно опкружување, како и од причина што е забрането и казниво е да се фрла овој тип на отпад во контејнери.
Екоцентар 97 се залага за спроведување на законот за електронски отпад и врши превземање и рециклирање на електронски и електричен отпад, по сите стандарди и нормативи.
Зачувувањето на природните ресурси и заштита на природната средина, се само дел од придобивките од рециклирањето на е-отпад, токму затоа бидете и вие дел од оваа голема општествено одговорна акција.
РАЗМИСЛИ ЗА ИДНИНАТА,РЕЦИКЛИРАЈ!
Можеби ќе ве интересира
Планирате да останете надвор? Gorenje има совршено решение за подготовка на скара каде и да посакате
![](/media/main/250x170/2024/07/20240702134450.jpg)
Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите
![](/media/main/250x170/2024/07/20240702133411.jpg)
ТАВ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК КОИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН
![](/media/main/250x170/2024/07/20240702122811.jpg)
АПИС со апел до Владата: Не ги повторувајте грешките на претходниците
ЛЕТЕН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ, НОВ ПРОИЗВОД ОД ШПАРКАСЕБАНКА
КОЖУВЧАНКА ДОО донираше ИЗВОРСКА вода на Армискиот полигон Криволак!
![](/media/main/250x170/2024/07/20240701151519.jpg)