10 Мај, 2024
0.0281

ДОСЕГА ВАКЦИНИРАНИ 453 МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА: Викеднов во Модуларната болница ќе дојдат и здравствените работници од другите градови

Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство информира дека 453 здравствени работници кои работат во ковид центрите се вакцинирале во изминатите два дена. Имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет во модуларната болница на КИБФС во Скопје, каде се поставени 6 вакцинални позиции, се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота.

Во тек е имунизација со вакцината од производителот Фајзер, а кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител Синофарм, од каде во директни преговори купени се 200.000 вакцини против Ковид 19.

Министертвото за здравство информира дека Република Северна Македонија преку КОВАКС механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината АстраЗенека, од која првата количина е планирано да стиген во март. Од оваа вакцина за Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Во правата испорака на Ковакс механизмот за вакцини Фајзер вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против Ковид 19.

Министерството за здравство апелира дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните.

Сите производители на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а Фајзер дополнително е вакцина која е регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови.

Во тек е првата фаза од имунизација во нашата земја, а во меѓувреме тече пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза. Досега на веб страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70 годишна возраст.


Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска