02 Мај, 2024
0.0300

Досие Драги Рашковски - професор, иноватор, генерален секретар на Влада

Објавено во: Македонија 17 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Изборот на Драги Рашковски за нов генерален секретар на Владата предизвика доста бурни реакции бидејќи сепак, станува збор за една важна функција иако е далеку од моќта која ја имаат министрите или нивните заменици. За Рашковски многу добро се знае на Правниот факултет „Јустинијан Први“ каде токму тој беше задолжен за компјутерските системи за полагање, пракса која на многу професори и не им беше омилена бидејќи немаа никакво влијание врз успешноста на студентот кој ако добро научи без проблеми може да положи. Новиот генерален секретар на Владата освен, што е професор со три магистратури и два доктората е и иноватор со повеќе правно-технолошки пронајдоци кои може директно да се применат во демократските процеси.

Професорот Рашковски е по потекло од Струмица и затоа не изненадува блискоста со новиот премиер Зоран Заев кој во својот тим одбира луѓе кои му се од доверба. Во случајот на Рашковски голема поткрепа има и неговото професионално CV кое говори за извонреден експерт во правото, но и во информатичките системи. 

Рашковски говореше за прочистувањето на избирачкиот список, за неговиот дамнешен патент за електронска гласачка кабина, како и за концептот за одржување на прецизен и непристрасен попис, идеи кои привлекоа голем интерес кај стручната јавност но, не беа искористени за изборите на 11 декември, па можеби истите би биле земени во предвид за локалните избори на 15 октомври со кои ќе се решат многу дилеми. 

Професорот исто така се најде на листата на контра-пленумот, како неформално здружение на професори со поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, а против Професорскиот пленум кој бараше да се сочува автономијата на Универзитетите од несоодветните реформи. Сепак, и тоа го објасни како чиста злоупотреба бидејќи кога било потпишано фамозното професорско писмо со потписи од околу 200 членови на академската заедница тој воопшто не бил во Македонија за што има и доказ. 

За стапувањето на новата функција Рашковски порача дека ќе биде отворен за граѓаните и новинарите.

- Генерален секретар на Влада е одговорна функција. Двигател на владината служба. Секоја ваша идеја е добредојдена. Генералниот секретаријат на влада и по службена должност треба, но и затоа што му требаат, ќе ги прима Вашите идеи. Владата е на сите. Да ја направиме општо добро, напиша тогаш Рашковски на својот Фејсбук профил.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање