03 Мај, 2024
0.0357

ДОСИЕ Никола Димитров: Кој е министерот кој ќе управува со кормилото на министерството за надворешни работи

Објавено во: Македонија 28 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Никола Димитров ќе седне во министерската фотелја во владата на Заев.

Биографијата и искуството покажуваат дека тој е компетентен за оваа позиција

Димитров шпекулациите во јавноста дека токму тој ќе го земе ова министерско место ги подгреа неодамна кога на социјалната мрежа Фејсбук постави фотографија со американскиот дипломат и заменик помошник на департментот за средна и јужна Европа Хојт Ји. Заедно со постот на фотографијата Димитров напиша:

„Отворена и срдечна средба со Хојт Ји во Стејт департмент. На Македонија ќе и' треба поддршката на САД на патот што ни' претстои: слободна, праведна и европска држава. А правната држава и економскиот раст се блиски пријатели“.

ДОСИЕ НИКОЛА ДИМИТРОВ:

Никола Димитров е роден во 1972 година и е македонски дипломат.

Поранeшен заменик-министер за надворешни работи и македонски амбасадор во САД, а потоа во Холандија, во 2014 година тој одби именување нов амбасадор на Македонија во Русија.

Димитров ја стартуваше својата дипломатска кариера во 1996 година во Министерството за надворешни работи како меѓународен адвокат за човекови права, а беше унапреден во заменик-министер за надворешни работи во 2000 година. Во 2002 година тој беше прогласен за втор македонски амбасадор во САД , наследувајќи ја Љубица Ацевска. Тоа го направи најмладиот дипломат во Вашингтон.

Во октомври 2009 тој ја презеде новата функција како амбасадор на Македонија во Холандија. По завршувањето на неговиот мандат таму во март 2013 година, првично беше планирано дека тој ќе го преземе амбасадорското место во Германија. Во февруари 2014 година, беше најавено дека Димитров одбил позиција како амбасадор на Македонија во Москва.

Димитров во 2014 објави дека се повлекува од дипломатската служба. Откако СДСМ почна да ги објавува таканаречените бомби, Димитров по одреден период се јави како критичар на владата на Груевски и честопати беше говорник и поддржувач на протести.

Честопати го повикуваше членството да му каже Не на Груевски и пишуваше колумни во кои велеше дека ВМРО е преголем симбол за Македонија за да дозволиме да се претвори во срам за државата.

Димитров во 18 годишната кариера беше заменик министер за надворешни работи, советник на претседателот на Република Македонија за национална безбедност, амбасадор во Вашингтон, специјален пратеник во разговорите за името, национален координатор за НАТО, специјален пратеник за европски и евроатлантски интеграции во Брисел, ко-застапник на Република Македонија пред Меѓународниот суд на правдата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?